Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и спортот

назад

претходна1 2 3

Био/Технологија Џон Ходџсон, 1990

Науката докажала дека нашето тело ги користи гликонутритиентите за превенција од инфекции и заболувања, како и за забавување на процесот на стареење. Уште повеќе, глуконутрицијата го поттикнува зголемувањето на перформансите на спортистите, ја намалува болката и времето на заздравување.

Гликопротеините ги сочинуваат 85% од молекулите во нашите клетки. Доколку гликозилацијата не е адекватна, заради недостиг на глуконутритиенти, најважните клетки и нивните компонентни - како ензими, антитела, колаген, мускулни влакна, хормони - не се произведуваат во доволно количество, што доведува до драматично влошување на здравјето и способностите на спортистите.

Гликонутритиентите го јакнат имуниот систем и неговото функционирање, и ги поттикнуваат природните способности на организмот за лекување, закрепнување, регенерација, регулирањето и самата заштита; антиоксидансите помагаат во заштитата на клетките од слободните радикали што се ослободуваат во текот на тренингот.


Останати антиоксиданси важни за спортистите

Многу истражувања за антиоксидансите и спортската заштита/перформанси се фокусирани на нутритиенти како што се витамините А, Ц и Е и минералот селен. Не само што се тие неопходни за останатите функции на организмот, туку исто така ги активираат и некои од клучните ензими антиоксиданси во организмот, кои помагаат во одбраната на клетките од штетноста на слободните радикали.

Многу студии за антиоксидансите и спортистите, вклучуваат спортисти кои земаат големи дози од еден или повеќе од наведените антиоксидантни нутритиенти, чии ефекти потоа се следат во следниот круг на физичка активност. Истражувачите се особено решени да истражат:

а) дали користењето на антиоксидантни нутритиенти го намалува количеството на оксидативната штета предизвикана со вежбање;
б) дали антиоксидансите навистина ги зголемуваат перформансите?

Одговорот на првиот дел од поставеното прашање опфаќа докази во кои додавањето на антиоксидантни нутритиенти може да ги редуцира маркерите за штетност на слободните радикали настанати со дополнително вежбање. Во услови на зголемување на перформансите, истражувачите докажаа многубројни предности поврзани со внесувањето на овие нутритиенти, а тие се основа за спортистите.

Потенцијална корист претставува и редукцијата на натеченост на мускулите по тренингот. Познато е дека врвот на штетноста на слободните радикали е 24 часа по тренингот, што објаснува зошто мускулите натекуваат токму тогаш.

Сепак, антиоксидативниот одбранбен систем со оптимално функционирање може да ги намали различните оштетувања на инаку здравото ткиво нанесени од страна на слободните радикали, и затоа може да помогне за намалување на степенот на натекување на мускулите по тренинг.


Останати предности на користење на антиоксидансите

• со земање на витамин C се намалува натекувањето на мускулите по интензивно трчање [8];
• со земање на витамин C и Е се намалува оштетувањето на ДНК на имуните клетки кај жените, предизвикани од вежбање [9];
• со земање на витамин Е се зголемува закрепнувањето на мускулите кај постарите тркачи кои трчаат по удолници [10].

Сепак, додавањето на комбинација на антиоксидативни нутритиенти (на пр., витамини А, C и Е и селен) е поефикасна кога овие нутритиенти не дејствуваат изолирано во организмот, туку синергиски; додавањето на мулти-антиоксидативен нутритиент има повеќе смисла.

претходна1 2 3