Здравје без цензура - Оксидативниот стрес и спортот

назад

1 2 3следна

ВОВЕД

Без сомнение вежбањето има многу предности за здравјето. Вежбањето е препорачливо за превенција и надзор на многу хронични болести, како и за одржување на оптималното здравје.

Сепак, со изведувањето на напорни физички активности се зголемува употребата/трошењето на кислород и до 10-15 пати во однос на период на мирување, за да можат да се задоволат енергетските потреби. Вежбањето го забрзува метаболизмот, а метаболичкото истекување од митохондријалните транспортни синџири на електроните се смета за водечки извор на радикали изведени од кислород. Зголемената потрошувачката на кислород во текот на вежбањето е проследена со пораст на реактивните видови кислород (ROS), особено во соединенијата на хидропероксид, коишто се поврзани со OS [1] и кои лесно можат да се измерат со FORT тестот.

OS е поврзан со замор на скелетните и респираторните мускули, влошена перформанса и закрепнување, како и со етиологијата на различни заболувања [2].

Различни спортисти следат различни програми на тренинг. За тренингот на отпор, сила или оптоварување е докажано дека има одредени предности, како контрола на тежината, превенција на остеопороза, подобрување на факторот на ризик од кардиоваскуларни заболувања, и превенции од повреди [3,4]. Овој вид на тренинг е битна програма за кревачите на тегови и боди билдерите, на пример, затоа што не само што ја подобрува силата на мускулите, туку и помогнува за одржување на правилна фигура. Сепак, несоодветен тренинг на отпор може да ги зголеми клеточните оштетувања и OS кај спортистите.

Што се слободни радикали?

Слободните радикали се хемиски соединенија што содржат еден или повеќе неспарени електрони способни за независен опстанок. Се формираат во телото од различни причини, како клеточни ограноци или како продукти што му се претставени на телото од надворешниот свет.

Аналогијата е следна - замислете го клеточно производство во форма на палење на мотор на автомобил, а слободните радикали како издувни гасови на автомобилот. Тие едноставно мораат да се неутрализираат и да се исфрлат. Слободните радикали создаваат и предизвикуваат штета преку стапување во реакции со многу супстанции во телото.

Се проценува дека во телото дневно се одигруваат над 200 илјади напади на слободни радикали.

По нанесената штета, телото може да ги отстрани формираните соединенија со помош на клеточниот систем за закрепнување. Сепак, телото не е во состојба да се избори со слободните радикали (со помош на антиоксидансите), ниту да ги отстрани соединенијата, а резултатот од тоа може да биде некое заболување.

Наспроти популарниот став, слободните радикали не циркулираат низ организмот. Полу-животот на повеќето слободни радикали варира во опсег на времетраење од неколку наносекунди до околу 7 секунди. Што значи дека тие ќе дејствуваат во кругот на „соседството“ (неколку Ангстром микрони, во чија близина се одигрува порастот на слободните радикали)... органи, сврзно, нервно и ткивото на циркулација, коскениот или лимфниот материјал, сите тие се кандидати коишто можат да станат жртви на слободните радикали.

Доколку организмот не ги спречи, слободните радикали, каде и да се појават, ќе ѝ нанесат штета на околната регија... оттаму организмот го НЕМА луксузот на просто филтрирање на која било циркулаторна течност, со цел да ги пронајде слободните радикали. Одбранбениот систем на организмот мора да биде...па...релативно сеприсутен за да може да биде во состојба да го неутрализира влијанието на слободните радикали. Заштитниот антиоксидативен систем мора да биде здрав.

Форм плус инструментите овозможуваат секојдневно мерење на нивото на слободни радикали (FORT тест) и капацитетот на антиоксидансите (FORD тест) во крвта, што создава можности за увид во состојбата на организмот.

Со оглед на тоа што слободните радикали се многу реактивни супстанци, тие моментално реагираат со сите можни клеточни елементи. Меѓутоа, кога вистински ќе изреагираат со клетките, тие ги оштетуваат, па дури и ги убиваат. Штетноста на слободните радикали честопати може да ја измени клеточната структура во таква мера што предизвикува заболувања како канцер, дијабетес, артритис и срцеви заболувања, или создава погодна почва за создавање на нови.

Каков тип на заболување ќе се развие зависи од тоа која одбрана на организмот против слободни радикали затаила, како и од тоа каде се одиграл нападот од слободни радикали.

Телото поседува прилично софистициран одбранбен систем на антиоксиданси, којшто се состои од ензими како каталаза, супероксид дисмутаза, глутатоин пероксид, како и различни не-ензимски антиоксиданси, вклучувајќи ги и витамините А, Е и Ц, глутатион, убиконин и флавоноиди. Со едноставно земање на една капка капиларна крв, тие се лесно мерливи со FORD тестот.

1 2 3следна