Здравје без цензура - Препораки против стареење

назад

1 2 3следна

ПРЕПОРАКИ ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ И ОПШТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Што е оксидативен стрес?

preporaki protiv stareenje i opsta zdrastvena zastita

Докази за оксидативните реакции и нивните траги се присутни во секојдневниот живот: јаболката потемнуваат, путерот се расипува (народски: жегнува), железото `рѓосува. Но што точно претставува оксидативниот стрес, какви последици за здравјето остава и која е причината за тоа?

Феноменот на оксидативниот стрес можеме да го разбереме со помош на едноставен пример: се поведува војна во нашиот организам и само здравата исхрана и здравиот начин на живеење можат да го обезбедат нужното засилување. Лошите момчиња се т.н. слободни радикали - високо реактивни и нестабилни супстанции што го оштетуваат ткивото, како и ДНК, преку крадење на електрони. Добрите момчиња се антиоксидансите - супстанции што или ја спречуваат штетата, или ја запираат внатрешната штета, често преку додавање на електрони во слободните радикали.

Оксидативниот стрес (OS) претставува нерамнотежа помеѓу слободните радикали, особено кај реактивните видови на кислород (ROS), и создавање на одбрана со помош на антиоксидансите (AS). Општо познато е дека без кислород нема живот, а дејството на слободните радикали е неизбежен и стационарен процес. Влијанието на повишениот оксидативен стрес се развива на подолги патеки ако оксидативниот стрес е сè уште низок, но нивото на слободни радикали високо, така што сето тоа поминува незабележано. Оксидативниот стрес влијае на здравјето и физичките способности, од благи симптоми до сериозни заболувања со текот на стареењето. Затоа, сите самосвесни поединци рутински ќе ја надгледуваат состојбата на оксидативниот стрес и ќе преземат соодветни мерки, ако се покаже потреба за тоа.

За жал, под влијание на секојдневните услови на живеење, многу луѓе имаат ненормално високо ниво на OS, што ја зголемува веројатноста на рани појави на ослабување на телесните функции. Постојат многу различни извори на производство на ROS, како што се:

• Пушење
• Изложување на полутанти/загадувачи на околината, како што се издувните гасови од автомобилите и од фабриките
• Претерано консумирање на алкохол
• Изложување на јонска радијација (UVA, UVB), бактериски, габични или вирусни инфекции
• Испуштање на обработена храна во исхраната

За среќа, живите организми се опремени со бројни природни антиоксиданси, кои можат да бидат зајакнати со избалансирано внесување на здрава храна, пред сè, овошје и зеленчук, иако често е многу тешко да се внесе доволното количество антиоксиданси, коешто е потребно за борба против покаченото ниво на OS, и тогаш е потребно дополнително внесување на антиоксиданси (витамини).

Зошто е важно мерењето на оксидативниот стрес?

Детекцијата на OS овозможува навремено развивање на стратегија на интервенирање, којашто придонесува за одложување на напредокот на заболувањата, како и подобрување на исходот, како и унапредување на квалитетот на животот. Затоа, OS се појавува како нов фактор на ризик за здравјето - особено ако е подолготраен и поврзан со други добро познати ризици, како хипертензија од крвен притисок, зголемени профили на липиди, хипергликемија, вгоеност и пушење.

За разлика од болестите, кај OS не се манифестираат никакви симптоми и тешко се препознава со помош на средствата на вообичаената анализа. Сепак, штетата што ја нанесуваат слободните радикали има удел во многу заболувања и нарушувања (кардиоваскуларни заболувања, артериосклероза, некролошки заболувања, инфекции, неплодност, итн.) и длабоко е присутна во процесите на стареење.

Мерењето на нивото на слободните радикали во организмот и одбраната на антиоксидансите се начин на превенција на штетата поврзана со OS, и во случај на покачени вредности овозможена е интервенција со цел да се намали предизвиканата штета.

1 2 3следна