Здравје без цензура - Профил на липидите

назад

претходна 1 2 3 4 5 6 следна

Транспорт на липидите низ организмот

• Хиломикроните (CM) ги пренесуваат липидите од цревата во организмот. Главно тие ги транспортираат триглицеридите во клетките.
• Отпуштање на триглицеридите т.н. остатоци на хиломикроните (CMR), коишто се носат до црниот дроб, каде што се разградуваат.
• Липопротеините со многу мала густина (ULDL) ги пренесуваат липидите од црниот дроб во организмот. Повторно триглицеридите се главната состојка.
• Отпуштањето на триглицеридите започнува најпрво со трансформација до липопротеини со средна густина (IDL), а потоа до липопротеини со мала густина (LDL) кои повторно одат во црниот дроб каде што се разградуваат.
• Липопротеините со мала густина исто така можат да влезат во ѕидовите на крвните садови и таму да се складираат, создавајќи наслаги од холестерол. Токму затоа е LDL лош холестерол.
• Липопротеините со голема густина (HDL) ги пренесуваат главно холестеролот и фосфолипидите од организмот (и од наслагите) назад до црниот дроб. Затоа е HDL добар холестерол.
• Вишокот холестерол заедно со жолчниот сок се излачува во цревата каде што помага во варењето на липидите.

Од каде грижата поради високите вредности на холестеролот и триглицеридите?

Вишокот холестерол и триглицериди може да биде опасен за здравјето. Кога нивоата на LDL се високи, холестеролот се таложи на ѕидовите на артериите кои стануваат потесни, се смалува протокот на крв и доаѓа до артериосклероза, или укрутување на артериите.

Кога артериосклерозата ќе почне да влијае на коронарните артерии (крвни садови кои ги снабдуваат мускулите на срцето), настанатата состојба е коронарно заболување на артериите, коешто доведува до ризик од срцев удар. Кога артериосклерозата ќе почне да влијае на крвните садови кои го снабдуваат мозокот, доаѓа до церебрално васкуларно заболување што доведува до ризик од мозочен удар.

Артериосклерозата може да го блокира и крвотокот низ разни витални органи, вклучувајќи ги и бубрезите и цревата.

Обично со високо ниво на вкупен холестерол одат и покачени триглицериди и LDL (лош холестерол) и намален HDL (добар холестерол). Срцевите заболувања исто така ги следат покачените ниво на триглицериди.

Неколку истражувања (Циркулација (1997;96:2520-2525), Циркулација 1998; 97(11):1027-8) покажуваат дека нивото на триглицериди во крвта може да помогне за предвидување на ризикот од мозочен удар исто толку прецизно колку и нивоата на други, попознати масти во крвта, како нивоата на HDL и LDL холестерол. Всушност, постои можност односот триглицериди/HDL да претставува еден од најсигурните индикатори на срцеви заболувања. Воопштено гледано, ако е овој број помал од 2, постои многу мал ризик од срцево заболување. Попрецизно, колку е нивото на триглицериди пониско, а нивото на HDL повисоко, помал е и нивниот однос.

„Односот на триглицеридите и HDL е најсигурен показател за срцев удар, дури попрецизен и од односот LDL/HDL“, изјави водечки автор на студија направена на Харвард. Затоа е многу важно да се обрне внимание на вредностите на вкупниот холестерол, на HDL, LDL и на триглицеридите уште во тинејџерската возраст, зашто така можете да одложите или дури и да спречите идни сериозни здравствени проблеми.

Причини за покачен холестерол

Фактори што доведуваат до покачен холестерол се:

Дебелина - вишокот килограми е поврзан со покачување на нивото на холестерол;
Наследен фактор - доколку проблемите со холестеролот или срцевите заболување се присутни во генезата, постои голема можност истите проблеми да се пренесат на помладите генерации.
Исхрана - постои изрека „здравјето влегува на уста“. Затоа избегнувајте храна богата со холестерол, заситени масти и масна храна, зашто сето тоа го покачува нивото на холестерол и ризикот од развој на срцеви заболувања.
Физичка активност - вежбањето го покачува нивото на HDL, што ги намалува шансите за развој на срцево заболување.
Животно доба - ризикот од покачен холестерол се зголемува со годините.

претходна 1 2 3 4 5 6 следна