Липосукциска исхрана

назад


Протоколот за неинвазнивна липосукција им е наменет на лицата кои донеле цврста одлука и кои се сериозни во намерата да бидат задоволни со својот изглед и здравје. Тоа што некои постигнаа огромен успех им е доказ на другите дека и тие можат. Честопати си велиме себеси дека сакаме да ослабиме, но сѐ останува само на желби, изговори или лоши/неправилни обиди. Зборот „диета“ сите нѐ асоцира само на глад, исцрпеност и враќање на килограмите. Но постои начин како да се ослаби брзо, без глад и без јојо-ефект.
Стара е изреката: „Силните се потпираат на волјата, а слабите на желбата“. Но, ако сакате да ослабите, тоа мора да го сакате толку силно што ќе бидете подготвени да се откажете од сѐ што Ви стои на тој пат. Тоа не значи да се откажеме од храната, напротив, значи да се откажеме од она што го јадеме, а што не е нашата природна храна.

Време е за животни одлуки...


Дебелината е последица на нерамнотежата во хормоналната регулација на метаболизмот, што е резултат на консумација на неприродна, процесирана храна, богата со празни калории, евтин скроб и вештачки бои, мириси и вкусови.
На нашето тело не му е потребно изобилство на такви празни калории, па поради нивното крајно влијание врз хормоните, а особено врз инсулинот, тоа едноставно ги складира во облик на масни резерви. Прекумерното складирање на масни станици не може да се спречи со телесна активност, ниту со намалување на калориите, туку со правилен избор на храната што ја јадеме.

Протоколот за неинвазивна липосукција им овозможува на лицата, кои имаат проблеми со прекумерна акумулација на масно ткиво, да го „натераат“ телото, преку активација на метаболизмот на мастите, да се храни со сопствените масни резерви.
Трошиме масти ‒ добиваме енергија. Со помош на хормонот липаза, маснотиите се разградуваат на слободни масни киселини и се транспортираат со крвотокот. Се користат за изградба на ткивата ( на пр., мозокот и клеточните мембрани во поголем дел се состојат од маснотии) и како енергија за телото (директно трошење на маснотиите за енергија). Во текот на процесот на неинвазивна липосукција телото не ги троши мастите само за енергетски цели. Маснотиите учествуваат во развојот на мозокот и на нервниот систем, потребни се за развој и за подобар капацитет на белите дробови, како и за намалување на ризикот од воспаленија.

Ниедна лесна надеж или лага нема да нѐ доведе до нашата цел, туку железната жртва на телото, волјата и душата. Поради тоа, во првата фаза мораме да бидеме подготвени за протоколот за трајна загуба на вишокот масти, а по оптимизацијата на телесната маса и за трајни промени во стилот на исхраната.

Сите наши соништа можат да се остварат само ако имаме доволно храброст да ги следиме. Во секој човек се наоѓа огромен потенцијал. Верувајте во својата моќ и научете бескрајно да повторувате: „Сѐ зависи само од мене“. Придвижете го својот потенцијал, а првиот чекор нека биде разговор со нашите стручњаци за слабеење, кои ќе ве разберат, ќе ве упатат и ќе ве водат низ процесот на трансформација, на физичко и психичко ниво.

Како дејствува неинвазивната липосукција?

Еден циклус овозможува симнување на 7 ‒ 10% од телесната маса, а трае 14 дена. Она што е најважно, третманите се сосема сигурни за здравјето. Во текот на третманот не сте гладни, нема пад на шеќерот и енергијата, се чувствувате добро ‒ килограмите ги губите брзо, а првите резултати се видливи веќе по 72 часа.

Неинвазивната липосукција е диетотераписки третман, наменет за редукција на телесната маса и за корекции на одредени нарушувања на метаболизмот заради унапредување и запазување на здравјето.

Механизмот на дејствување на Протоколот за слабеење е целосно природен и се темели на синергиското дејствување на аминокиселините, протеините, глукомананот, а и на комплексите од витамини и минерали, во комбинација со правилна и урамнотежена исхрана и умерена телесна активност. Протоколот го поттикнува растот на тврдите и меките ткива, влијае врз метаболизмот и врз регулацијата на нивото на шеќер во крвта. Синергиското дејствување на активните состојки се гледа во трите различни улоги во метаболизмот: ја забрзува синтезата на протеините, го поттикнува разградувањето на мастите и го забрзува ослободувањето на гликозата од црниот дроб.

Неинвазивната липосукција е иновативен фармаколошки метод за слабеење, кој дејствува врз активацијата на метаболизмот на мастите (пролиферација на пероксисом со инхибиција на транскриптаза за адипогенеза стимулирана со естрогени), резултирајќи со намалување на мастите од хормонски зависните подрачја. Метаболизмот на мастите се активира на природен начин, со помош на специјално избалансирани аминокиселини (L-Citrullin, L-Ornitin-alpha-Ketoglutarat, L-Isoleucin, L-Tryptophan), кои се земаат во облик на капсули (Lipo Beta), како и преку додаток кон исхраната базиран на концентрат на протеини на сурутка со додаток на глукоманан, таурин, калиумов цитрат, трикалциумов фосфат, витамините В6 и В12 и цинк. Синергискиот ефект на неинвазивната липосукција се темели на липолитичкото дејствување на активните супстанции, со истовремено намалување на количеството на хранливи масти во клетките и забрзување на разградувањето на мастите. Протоколот за слабеење е така направен за да ја активира хиперпродукцијата на GH (хормонот на раст) и со тоа да предизвика активација и бета-оксидација на локализираните масти.

Витаминот В6
го поттикнува разградувањето на белковините и влијае на доброто расположение. Го регулира производството на хормоните на тироидата и го регулира метаболизмот.

Витаминот В12
учествува во процесот на разградување на маснотиите и белковините.

 

Цинкот
има незаменлива улога во варењето на храната, односно, во метаболизмот на протеините, мастите и јаглехидратите. Дополнително, цинкот учествува во синтезата, потхранувањето и отпуштањето на инсулин. Дејствувањето на цинкот врз губењето на прекумерните килограми се поврзува со неговото поволно влијание врз висината на хормоните на ситоста или, пак, со неговото влијание врз подобрувањето на метаболизмот на гликозата во крвта.