Состав - Ge 132+

назад

1 2 3 4 следна

ШТО Е G-132+ NATURAL

Germanium 132 plus

G-132+ Natural е диетски производ кој во себе содржи пет антиоксиданти, и тоа:

- екстракт oд печурка Ganoderma lucidum или Реиши 180mg
- матичен млеч 160mg
- ресвератол 100mg
- ликопен 35mg
- сулфорафан 25mg

Сите суплементи во G-132+ Natural се од природна база.

Како пример, ресвератолот е добиен од црвеното грозје, ликопенот од домат, а сулфорафанот од брокула.

Ganoderma lucidum или Реиши печурка

Reishi pecurka

Реиши печурката е уште позната и како билка на долговечноста, билка на духовната моќ, печурка на бесмртноста, магична печурка, еликсир на животот итн. Во традиционалната медицина се употребува повеќе од 2000 години, а можеби и повеќе. Во себе содржи повеќе активни супстанци, каде најсилна супстанца во хуманиот организам е полисахарди-бета Д-глукан и тритерпени-ганодермична киселина. Ganoderma lucidum е многу силен антиоксидант кој го оневозможува производството на слободни радикали во човешкиот организам, со што може многу да допринесе како превенција во развојот на хронични незаразни болести.

Со многу научни испитувања докажани се антитуморските својства на екстракти од оваа печурка ( во некои трудови наведени се својствата и нивната улога во превенција и како додаток при терапија на карцином на простата, оваријален карцином, адинокарцином на дебелото црево, дојка итн), но, и способност да ја зголеми зенситивнста на туморските клетки на некои антитуморски лекови какопр, cisplatin.

Исто така некои истражувања го евидентираат екстрактот од Ganoderma lucidum, може да доведе до смалување на тегобите и гадење како споредни ефекти при хемотерапија.

Ganoderma lucidum

Поседува имуномодулаторна активност( преку ќелијскиот и хуморалниот имунитет, ќелијата на природниот убица, - НК ќелија, дендритска ќелија, макрофага, но, делува и преку туморот на некротичниот фактор алфа-ТНФ-а, и интерлеукина-1(бета).

Екстракт од Ganoderma lucidum ги намалува агрегатибилноста на тромбоцитите и создавање на крвни грутки, со што ја намалува можноста на инфаркт на срце, мозок и на останатите витални органи. Исто така научно е докажано дека помага и ја нормализира вредноста на покачениот холестерол шеќер во крвта, како и артерискиот крвен притисок. Со овие научни докази се покажува улогата во превенцијата од артеросклероза.

Ganoderma lucidum има и антиалергиски својства, а во поволни ефекти се докажани и во процесот при регенерирање на црниот дроб после големи токсични оштетувања. Овие ефекти се докажани во научни студии, каде се наведуваат и антимикробната активност (антибактериска и антивирусна).

Во некои истражувања воочен е и позитивниот ефект на Ganoderma lucidum во бенингната хиперплазија на простата со што се доведува во врска со нејзиниот инхибиорен ефект на ензимот 5-алфа-редуктаза.

1 2 3 4 следна