Проф. Д-р Самуел Садикарио

назад

ПРЕПАРАТОТ Ge 132+ Natural ЧУВАР НА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Препаратот Ge 132+ Natural е природен коктел од следните природни растителни состојки:

1. Раши габа- носител на органски германиум
2. Матичен млеч
3. Ресфератол
4. Ликопен
5. Сулфорафан

Органскиот германиум е откриен во 1970-те, но дури сега се откриваат неговите поволни биолошки својства. Професорот Казухико Асаи од Токио пронашол дека тој има сигнификантно позитивни дејства во случаи со карцином, срцеви заболувања, црнодробни заболувања, дефицит на имуниот систем и болка. Ова делумно го објаснува со „делокализација“ на електрони т.е. уникатно својство каде високо-енергетските електрони може да ги привлече и премести во други локации ( на пример канцерско ткиво). Истовремено така го амортизира и штетното дејство од јаката оксигенација која инаку е неопходна за живот. Овој процес е популарно познат под името анти-оксидација ( што малку може да создаде збунетост кај оние што не се упатени ). Инаку анти-оксидацијата сега масовно се истражува и се открива дека е многу важна во забавувањето на растот на малигните клетки, заштитата на срцето, крвните садови, спречување на дијабетисот и забавување на стареењето.

Знаеме дека денес малигните и срцевите заболувања заедно се одговорни за 80-90 % од смртноста на популацијата. Овие од друга страна се резултат на хипер или хипо-имуна состојба, која се зголемува со различни ризик фактори.

Автоимунитетот ( инфламација која ги напаѓа сопствените ткива) е во основа на низа болести вклучително дијабетес, ревматолошки болести, разни анемии, болести на тироидната жлезда, крвните садови, срцето па дури и артериосклерозата. За лечење на овие состојби се користат доста токсични субстанции , хормони, така што природен лек или барем додаток на исхрана би бил одличен избор.

Од друга страна, парцијалниот имун дефицит е одговорен за пролиферација ( разраснување) на разни ткива кои природно се отстрануваат од имуниот систем. Во нив се вклучени и малигните клетки.Селективно стимулиран имун ситем би можел да го спречи растот на овие клетки. Во клинички услови денес тоа се прави со т.н. моноклонални антитела ( строго усмерени антитела) кои го напаѓаат специфичниот карцином. Имуниот процес се одвива преку имуните клетки лимфоцити, гранулоцити и макрофаги и хуморалните фактори- антитела и лимфокини ( во врска со наведениот препарат Ge 132+ Natural ) . особено важни се интерлеукинот-6 и тумор-некротичниот фактор .

Неколку збора за природните состојки.

1. РЕИШИ ГАБА ( Ganoderma lucidum) е габа која се наоѓа во Кина и Виетнам, која е користена уште од пред 2000 години како лековита за потпоно реставрирање на организмот кој е заболен. Најдено е дека главната субстанца е хидросолубилен полисахарид кој делува на имуниот систем.

2. МАТИЧЕН МЛЕЧ е богат со протеини, важни есенцијални аминокиселини, есенцијални масни киселини потоа стероли и фосфорни субстанци ( важни за енергија на клетката). Содржи и ацетил холин, важен медијатор во функцијата на централниот нервен систем. Денес се користат стимулатори на ацетил холинг за подобрување на манифестациите од Алцхајмеровата болест.

3. РЕСФЕРАТРОЛ природно најден во грозјето и во мали количини во црвеното вино. Има позитивно дејство на кардиоваскуларниот систем, анти-канцерски ефекти, анти-дијабетичен ефект и во продолжување на животот кај екстензивно вршени екперименти.

4. ЛИКОПЕН по состав е сличен на пигментот каротен ( аналог на витаминот А). Присутен во патлиџани, кечап, црвен цитрон, моркови, црвени бабури, гуава и лубеници. Има заштитно дејство за миокарден инфаркт и за рак ( простата, дојка, желудник).

5. СУЛФОРАФАН Тоа е органосулфурна субстанца.Природно го има во брокулата, зелката, карфиол, кинеска брокула и сенф. Дејствата вклучуваат антиканцерска заштита на инфламација на крвни садови, заштита од ултравиолетово зрачење ( кожа) и антибактериско дејство ( за Хеликобактер на желудникот).

Сите овие дејства се корисни претежно во смисол на превентива или во почетните фази на наведените заболувања. Во напреднатите фази промените се дефинитивни и најчесто не е можен повраток на процесите. Лекувањето со природни средства ќе стане се поважно во иднината поради позитивните ефекти и отсутните или многу ретки несакани дејства.