Др.Митко Ивановски

назад

Во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век од страна на Руските фармацевти биле објавени првите податоци за лековитите својства на органскиот германиумот. На основа на тие податоци Dr. Kazuhiko Asai во 1969год., успеал да го формира Asai Germanium Research Institute во Јапонија и се насочил кон афирмирање на есенцијалната улога на органскиот германиум за биолошките процеси во човечкиот организам. Ge 132+ натурал претставува хербален производ, неопходен за здраво функционирање на организмот.

Подрачјето на балканскиот полуостров, се смета за регион каде има дефицитарен внес на органскиот германиум преку храната. Според многуте теории, додека сме млади, здрави и јаки тој недостаток полесно се надминува. Како што старееме , пред се како резултатот на секојдневниот животен стрес, здравствените проблеми и општата состојба на организмот се влошуваат. Брзото темпо на модерното живеење, пропратено со секојдневен хроничен стрес, доведуваат до прогредирање на т.н. оксидативен стрес, а со самото тоа и овозможуваат зголемена подлога за манифестација на бројните акутни и хронични заболувања и канцерогенеза. Затоа на човечкиот организам пожелно е да му се обезбеди доволна количина на овај есенцијален нутриенс Ге132+ НАТУРАЛ.

Органскиот германиум е составен дел на ензимот глутатион пероксидаза и други ензими кои што се вбројуваат помеѓу најважните компоненти на антиоксидативниот систем кои што го штити организмот од слободните радикали. Се смета дека со таложењето на слободните радикали во организмот доаѓа до значително нарушување на оксидо-редукционата рамнотежа и развој на многубројни патолошки состојби. Имено, слободните радикали несметано проаѓаат низ клеточната мембрана и доаѓаат до цитоплазмата, клеточните органели(пред се митохондриите) и јадрото, каде можат да иницираат ендоген стрес, оштетување на ДНК и нејзина мутација, кои што се претпоставува дека секундарно се причини за генетска нестабилност, неконтролирана делба, развој и појава на канцерогенеза, како и прогредирање на постоечките болести: ангина пекторис, хипертензија, ревматоиден артритис, апоплексија, дијабетес, астма, паркинсонова болест, церебрална склероза, невролошки и психијатриски нарушувања, Алцхајмерова болест, глауком, менопауза, остеопороза итн.

Многу автори ја развиваат тезата дека во етиопатогенезата на настанување на малигните болести е нарушената рамнотежа на имунитетот и антиоксидативната одбрана на организмот

Печурката Ganoderma lucidum преку стимулација на продукцијата на интерферонот ја обновува функцијата на Т и Б лимфоцитите. Исто така интерферонот го стимулира растот и созревањето на макрофагите и клетките природни убијци ( Natural Killer=NK cells) како едни од примарните и најмоќни заштитници од канцерогенеза.

Основна суптнаца во Ge 132 + е екстрактот од печурката Ganoderma lucidum, на која во традиционалната медицина на далечниот исток и припишува својства кои овозможуваат долговечност. Во Јапонија е позната како “Reishi” – лека за кралевите ; во Кореа како “Youngzhi”; “Mannentake” или чудесна кралица на растенијата... Според бројни фармацевтски студии на екстрактот на реиши кој содржи висока концентрација на органски германиум и се препишува пред се имуномодулаторен ефект, кои благопријатно делува кај преканцерозите кај повеке органи и ткива (пред се на гениталните органи и дојка) како и смирувачко и релаксирачко аналгетично дејство. Екстрактот од див матичен млеч се смета дека има благопријатен ефект на регулирање на нивото на холестеролот ( LDL) и мастите во крвта. Екстрактот од семки на црвено грозје-ресератрол и ликоптенот се поврзуваат со благопријатен и протективен ефект на кардиоваскулаторниот систем. За сулфорафанот има бројни студии кои укажуваат за неговото протективно дејство на хепарот, гастроинтестиналниот тракт, простата и респираторниот систем.

Денес Ге132+Натурал како безбеден хербален производ преку состојките кои ги содржи, делува благопријатно во подобрување на општата здравствена состојба на организмот, а во комбинација со останата терапија делува благопријатно при хемотерапија, радиотерапија, како и хируршките интервенции кај канцерогенеза, како и кај бројните хронични состојби, процеси и болести.