Д-р Маја Киријаc

назад

РЧЕЊЕТО И РАПИДНИОТ ПАД НА КИСЛОРОДНОТО НИВО ВО ОРГАНИЗМОТ

ДР. МАЈА КИРЈАС

Неверојатното откритие на органскиот германиум Ге-132 е од огромно значение за елиминирање И минимизирање на бројни заболувања во медицината. За прв пат Јапонскиот лекар Др. Асаи направил научно-истражувачка студија на органскиот германиум која е базирана на фрапантните позитивни резултати добиени од неговите пациенти кои го козулмирале. Хепаталната (црно-дробната ) дисфункција, хроничен хепатит, разни видови на карцином (вклучувајки ја и леукемијата), очни заболувања, зголемениот крвен притисок, срцеви заболувања од различна природа, невролошки заболувања, алерголошки заболувања, хипооксија (недостаток на кислород во организмот) биле пациенти со кои работел Јапонскиот лекар. Сето ова како статија, а особено хипооксијата ( или намаленото кислородно ниво ) кај пациентите ме наведе да направам статистика на одредена група пациенти кои рчат за време на сонот (или имаат нарушен сон ). Впроцем кај нив е и највоочлив недостатокот на кислород. Паузите за време на сонот и периодите на немање воздух од 10 секунди па нагоре научно докажано води кон хронично страдање на срцевиот мускул и мозокот. Едноставно кислородот е рапидно намален кај нив и првично страдаат овие органи. Тестирањето беше да се види кислородното ниво кај пациентите со земање органски германиум пред интервенција 1 месец и да се направи контролен ноќен тест и по интервенција за да се стабилизира состојбата на хроницниот кислороден недостаток.

Интересен беше податокот да 29% од пациентите немаа потреба од интервенција поради внес на органски германиум 1 месец во доза од 3000 мг дневно. Штетни или нус-појави не беа детектирани ниту кај еден од испитаниците.

Спонтаното дишење кај човекот се состои од вдишување и внес на кислород до белите дробови ( до крајните алвеоли ) и издишување ( кое настанува под притисок на белодробната мускулатура ). Кај пациентите со нарушен сон или кај оние кои рчат поради пречка во горните дишни патишта постои намален внес на кислород поради стеснет простор ( затнат нос поради задебелена лигавица, полипи во нос ,задебелена ресичка, зголемени крајници, задебелена база на јазик..) Опишаната состојба или намалениот внес на кислород доведува до зголемено ниво на адреналинот во организмот, кој се јавува исклуциво при стрес. Самиот факт дека пациентот се буди со глад за воздух е стресна состојба.Разградните продукти на адреналинот прават стеснување на крвните садови па со самото тоа и се покачува крвниот притисок кај човекот и вториот момент е трошење на инсулинот од организмот, што пак доведува до зголемен ризик за диабет.

Органскиот германиум (како еден од најмокните антиоксиданси) го акумулира кислородот во самата клетка. Значи иако е внесен во помали количини кај овие пациенти, состојбата да имаат драстичен пораст на кислородното ниво за разлика од првично направениот ноќен тест има единствена логичност со горенапишанава теза.