Проф. Д-р Љупчо Каревски

назад

Многу болести и состојби во ортопедијата за жал мораат да се лекуваат со оперативни зафати кои во својата природа се инвазивни и го изложуваат телото на голем стрес. Телото неправи разлика помеѓу хируршка интервенција и останатите повреди на ткива и поради тоа и во двата случаи реагира со истите заштитни механизми.При било каква повреда на ткивата се излачуваат субстанции наречени цитокини кои им сигнализираат на околните ткива но и во целост на организмот за настанатата траума и предизвикуваат системски воспалителен одговор.

При поголеми трауми или хируршки зафати на ниво на целиот организам се случуваат каскадни реакции на излачување на повеќе хормони и активирање на симпатетичкиот нервен стрес одговор.Катаболичкиот стрес на организмот главно се одликува со тоа што тој се преориентира кон разградување на протеини, задржување на вода и соли во организмот со цел да му се даде на телото потребната енергија да се заштити изаздрави. Освен метаболичките промени исто така се мобилизира и имунолошкиот систем кој има за задача да го заштити телото од можните патогени.

Вака активниот метаболизам при оксидација на хранливите материи создава зголемен број на слободни радикали и пероксид кои имаат негативно дејство врз самите клетки и нивната ДНК а процесот продолжува и по оперативниот зафат. Телото неможејки да ги неутрализира сите овие слободни радикали се доведува до состојба на оксидативен стрес кој означува дисбаланс помеѓу продукцијата на активните оксиданси и способноста на организмот да ги неутрализира.

За да се подобри оваа состојба голема улога имаат антиоксидансите кои можат да се внесат како додаток во организмот.Моментално најсилниот антиоксиданс е Ге 132 + Натурал, кој е откриен од Др. Казухико Асаиво 1950 год, кој забележал дека ова соединение е заедничко на голем број лековити билки. Ге 132 + Натурал е моќен антиоксидант кој му помага на организмот со елиминирање на слободните радикали, несаканите продукти од оксидацијата и со тоа ги заштитува клетките од изумирање и несакани мутации поради оштетената ДНК. Освен ова Ге 132 + Натурал го потпомага и стимулира имуниот систем со што може да придонесе до подобра одбрана на организмот од патогени супстанци особено во постоперативниот период.

Со овие јасни придобивки кон природните заштитни механизми на организамот Ге 132 + Натурал претставува одличен додаток при предоперативниот како и постоперативниот протокол за да се припреми организмот за хируршка интервенција но и да му се помогне да се справи со стресот и настанатите промени за време и по интервенцијата.