Проф. Др. Горица Брешковска

назад

Н: Ге 132, добар асистент на редовните терапии

Употребата на додатокот на исхрана Ге132 ја подобрува функцијата на белите дробови, го намалува ризикот од чести инфекции, а се намалува и потребата од дополнителни лекови и се подобрува квалитетот на животот на болните од хронична обструктивна белодробна болест (ХОББ).

Предмет на постојано истражување ми се дијагностиката и третманот на хроничните и алергиските белодробни заболувања кои, за жал, во последната декада се во значаен пораст.Според најновите податоци, околу 10 отсто од светското население на возраст од 40 и повеќе, боледува од хронична обструктивна белодробна болест (ХОББ), а околу 300 милиони од астма. Овој податок е алармантен и бара постојан ангажман во изнаоѓањето на нови начини за справување со овие здравствени проблеми.
Како водечка причина за појавата на овие болести се сметаат пушењето, загаденоста на надворешната и на домашната средина. Научните студии сугерираат дека чадот од цигарите е директно токсичен за клетките во белите дробови и ги оштетува заштитните механизми кои се одговорни за нивно заздравување.

Таканаречениот оксидативен стрес и воспалениото на дишните патишта формираат маѓепсан круг (circulus vitiosus) за кој се смета дека е одговорен за напредување на болеста. Штетниот ефект на оксидативен стрес , кој е акумулиран во текот на повеќе години полека, но трајно ги уништува клетките од респираторниот епител. Намаленото создавање на антиоксиданти кои инаку претставуваат одбрамбен механизам на органзимот и ги редуцираат и неутрализираат штетните радикали, уште повеќе ја влошува и онака тешката состојба. Заради сето тоа, лекувањето на ХОББ е долготрајно. Како една од главните тераписки мерки, препорачувам престанок на пушењето, терапија со кислород која се спроведува со цел да се поправи неговото ниско ниво во клетките, како и давањето на останати лекови за подобрување на дишната функција. Секако, сето тоа треба да биде ординирано и редовно следено од доктор.

Сите досегашни иследувања потврдиле дека за успешно справување со ХОББ е потребен комплексен пристап. Затоа, за да се постигне оптимален ефект, покрај секојдневната медикаментозна терапија, се советува и соодветна нутритивна поддршка- храна богата со протеини и антиоксиданти кои подолго време се користат како додаток при лекувањето на болести. Од една страна, за подобрување на дејството на останатата терапија, но од друга, и превентивно, за намалување на ризикот од појава на болеста.

Додатокот на исхрана Ге132, како моќен антиоксидант кој делува на ниво на клетка во организмот овозможува зголемена ефикасност во користењето на кислород, зајакнување на имунолошкиот систем и намалување на воспалението. На тој начин, полесно се справуваме со честите влошувања на болеста која трајно го оштетува здравјето на болниот. Искуствата покажаа дека употребата на Ге132 ја подобрува функцијата на белите дробови, го намалува ризикот од чести инфекции, се намалува и потребата од дополнителни лекови, а се подобрува квалитетот на животот на болните. Ваквиот комплексен пристап во лекувањето овозможува да се делува на природниот тек на болеста, да се постигне побрзо опоравување на болните и да се намали бројот на болнички денови за овие навистина тешки пациенти .